Избран зборот на годината на англиски и германски јазик

74

Американската издавачка куќа Merriam – Webster, позната по речници на англиски јазик, и Сојузот за германски јазик (GfdS), одвоено го одвоија зборот пандемија како збор на годината на својот јазик.

Во годината во која повеќе од 1,5 милиони луѓе ширум светот починаа од Ковид-19, пандемијата беше најпребаруван збор.

Пандемијата се дефинира како “болест на широко географско подрачје (повеќе земји или континенти) што зафаќа значителен дел од популацијата“, се наведува на страницата на Merriam – Webster.

Коренот на зборот има грчко потекло од: pan (сите) и demos (народ).

Пребарување за значењето на овој збор се зголеми за 115.000% на 11-ти март оваа, во споредба со истиот ден лани, пренесува Ројтерс.

Фото: Freepik