Избрани најдобрите компании за работа во Црна Гора

54

telekomКонсултантската куќа Blue Coach спроведе истражување Најдобра компанија за работа во Црна Гора, во кое учествуваа 777 вработени од 25 компании.

Во категоријата големи компании, првото место го делат Црногорски Телеком и Монтенегро Старс хотел груп. Второто место го зазеде Требјеса пиварницата, а третото Оков.

Во категоријата средни компании победник е Сава Монтенегро, која ги доби и сите четири специјални награди. Во категоријата мали компании, добитник на првата награда е компанијата Флека, пишува Портал 24.

Компанијата Blue Coach годинава за прв пат го спроведе истражувањето Најатрактивна компанија за работа во Црна Гора. Како најатрактивни компании за работа се прогласени Црногорски Телеком, Требјеса и Нерегелиа.