Избрани нов претседател и заменик на Управниот одбор на МАСИТ

29

MASIT

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ избран нов претседател и заменик претседател на Управниот одбор.

“Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје на вонредна седница на Управниот одбор на МАСИТ, одржана на 12.04.2016 година избра нов претседател и заменик претседател на Управниот одбор“, велат од МАСИТ.

Горан Поповски од компанијата АСИ е избран за нов претседател на Управниот одбор на МАСИТ. Тој досега ја извршуваше функцијата заменик претседател. На негово место доаѓа Анета Антова Пешева.

Тие својата функција ќе ја извршуваат од 12.04.2016 година до завршување на веќе почнатиот мандат во март 2017 година.

Изборот на претседателот и заменикот е извршен заради констатирање на престанок на мандатот на досегашниот претседател на Управен одбор, Стефан Плавјански, заради промена на работното место.