Издадени 210 одобренија за градење во април

33

Во април оваа година се издадени 210 одобренија за градење, што е за 2,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.507.469.000  денари, што е за 80% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беа издадени одобренија за градење на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 127 или 60,5% се наменети за објекти од високоградба, 42 односно 20% за објекти од нискоградба и 41 т.е. 19,5% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 210 објекти, на 115 или 54,8% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 објекти односно 45,2% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30.939 метри квадратни.