Излагачи од 14 земји бараат дистрибутери од Балканот и нудат можност за поволна инвестиција

35

Настаните насловени како ЕЕ и ВЕИ (енергетска ефикасност и обновлива енергија)Save the Planet (управување и рециклирање на отпадот) и Smart Cities (паметни градови) ќе се одржат од 16-ти до 18-ти април, Сали 5 и 6 на Интер експо и конгресен центар во Софија, Бугарија.

Оние кои сакаат да бидат дел од истите можат да се пријават на веб-сајтот на организаторите Виа Експо на www.viaexpo.com. Со тоа ќе добиете слободен пристап до изложбите и конференциите.

Излагачи од 14 земји нудат можност за инвестиција во нови решенија применливи во секоја област и бараат дистрибутери од балканските земји. На настаните ќе имате можност да се запознаете со решенија за автономно производство и заштеда на енергија, да научите како отпадот се претвораат во нови суровини и како преку еден клик можете да ги управувате и контролирате трошоците за ресурси во својот дом, во една зграда или во вашиот град.

Претставување на интересни, нови производи

Меѓу претставените производи ќе бидат следниве – нова генерација на системи за климатизација остваруваат заштеда на енергија од 20 до 60%; инсталации горат биомаса со влага – до 120%; технологија за производство на биогас; иновации за брза изградба на хидроцентралите; топлински пумпи со 300% ефикасност; првиот европски систем за производство на ткаенини направени од 100% рециклирани пет шишиња; веб-базирано решение го зголемува количеството на рециклиран отпад на 80% во општините; балкански електронски систем за повторна употреба на отпадот; револуцијата во терморегулација штеди 30% од трошоците за греење; системи за зградна и индустриска автоматизација постигнуваат висока удобност и конкурентност, паметниот електрометар како светска новина; првите бугарски електричен планински велосипед и моторни и електрични возила за економичен и лесен транспорт; систем за предупредување за земјотрес, итн.

Во придружната програма се вклучени: 

Форум Зелени инвестиции во енергетиката, Семинар Програма LIFE – можности за финансирање на проекти за управување на отпадот и циркуларната економија, конференција Sofia Smart City Marketplace и други. 

За подетални информации, прочитајте тука.