Измени и дополнувања на Тарифникот на Македонска берза

22

Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза АД Скопје од 29.05.2024 година и Решението на Комисијата за хартии од вредност бр. УП1 08-49 од 06.06.2024 година, од 17.06.2024 година започнуваат со примена измените и дополнувањата на Тарифникот за висината на надоместоците на Берзата.

Со овие измени и дополнувања се врши промена во начинот на пресметка на надоместокот за котација на сите видови на хартии од вредност на Берзата, како и кај определени услуги и потврди што ги обезбедува Берзата.

Измените и дополнувањата на тарифните ставки се направени имајќи ги предвид состојбите на овој план на другите регионални берзи, односно спецификите на македонскиот пазар и моментално котираните издавачи на хартии од вредност.

Пречистениот текст на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза АД Скопје може да се најде на интернет страната на Македонска берза, во делот Регулатива/Акти на Берзата/Тарифник.