Измени и дополнувања на правилата за тргување на Македонска берза

23

Од денеска започнува примената на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Берзата за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Делумното решение од 30.01.2015 година Дополнителното решение од 15.04.2015 година.

Со овие измени и дополнување, меѓу другото, се воведува нов вид на налог, “налог по најповолна цена“, а се воведува и можноста за давање на специфични инструкции од клиентите кај лимитираните налози. Измените се направени со цел да се обезбедат пошироки можности за остварување на потребите на инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Пречистениот текст на правилата за тргување може да се најде на страницата на Берза.