Измени во органите на управување на Македонски Телеком

22

telekom-logo

Македонски Телеком, преку Македонска берза, соопштува за измени во органите на управување.

Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје, на својот вонреден состанок одржан на шести декември оваа година усвои неколку одлуки. Го отповика Назим Буши од позицијата извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на друштвото почнувајќи од 15-ти декември 2017 година и го избра за претседател на Одборот на директори на друштвото со мандат почнувајќи од 15-ти декември 2017 година,

Одборот на телекомуникациската компанија го избра Горан Трајановски, државјанин на Република Македонија, за извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на друштвото, со мандат почнувајќи од 15-ти декември 2017 година и го избра Сашо Велески, неизвршен член на Одборот на директори, за заменик претседател на Одборот на директори со мандат од шести декември 2017 година.