Измени во управувачките органи на Стопанска банка – Доима со четиригодишен мандат

Стопанска банка АД – Скопје информираше дека се извршени измени во органите на управување, согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза.

Имено, со Решение бр. 15-19049/7, Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Димитра Доима за нов член на Надзорниот одбор на банката. Таа ќе ја извршува функцијата во мандатен период од четири години.