Секој шести трговец во Хрватска води нечесна трговска пракса, односно неправилно ги истакнуваат цените и ги измамуваат потрошувачите во поглед на тоа како е пресметана цената на производот, пишува хрватски Нови лист.
Според наводите на тамошниот Државен инспекторат, тоа е еден од најчестите начини со коишто трговците ги измамуваат купувачите.
Па така, трговецот на декларацијата пишува дека старата цена на производот била 150 хрватски куни и е намалена за 20% на 120 куни. Но, штом државниот инспектор ја провери трговската документација, се доаѓа до заклучок дека претходната цена на производот не била 150, туку 130 куни, па намалувањето е значително помало од наведеното.
Фото: Pexels