Израел и Грција се договорија за слободно патување на вакцинирани туристи

29

Израел и Грција се договорија нивните државјани кои примиле вакцина против коронавирусот да можат слободно да патуваат во двете земји.

“Мора да го олесниме патувањето на оние кои имаат доказ за вакцинирање и тоа ќе го направиме со Израел којшто е далеку пред нас кога станува збор за вакцинирање“, вели грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис во заедничка изјава со својот израелски колега, Бенјамин Нетанјаху.

Договорот на израелските туристи ќе им овозможи да “патуваат во Грција без никакви ограничувања и без карантин“, додаде Нетанјаху.

Израел во неделата почна да излегува од третиот карантин што го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови што се запрени до 20-ти февруари.

Фото: Freepik