Израелска компанија произведе сензор за одредување физичко растојание

37

Израелската компанија PointGrab направи сензори за следење на физичката дистанца меѓу работниците на работното место. Нивниот пронајдок ќе им помогне на надредените во организацијата на работниот простор во текот на пандемијата од коронавирус.

Сензорот е со големина на аларм за детекција на чад, а со него се вчитува точната положба и бројот луѓе во даден простор – канцеларија, хотел или ресторан.

Меѓу првите компании кои се одлучија да ги купат овие сензори е Deloitte. Оваа корпорација ги инсталира сензорите во своите простории во Лондон.

Сензорите се поврзани со екрани во простории, а на кои е можно да се види кои маси и други заеднички површини се слободни.

Извршниот директор на PointGrab, Дорон Шахар тврди дека нивната иновација значајно им помогнала во Deloitte. Со сензорите се вчитува и колку луѓето се оддалечени едни од други и каде се движат во објектот.

Благодарение на сензорот може да се направи предупредување кое се вклучува кога две лица се блиску едно до друго на помалку од два метра и подолго од половина минута.

И некои други компании во светот направија технологии за контрола на физичкото дистанцирање и дали се носат заштитни маски.

Сензорите на PointGrab ги купија и Coca-Cola, Facebook и Dell. Во оваа израелска фирма се свесни дека нивниот производ нема да им се допадне на работниците, но уверуваат дека тој служи само за тоа за што е направен – не ја нарушува приватноста, пренесе CNN.

Фото: PointGrab