Извезуваме ли мобилни телефони?

62

Македонија се најде на 84-то место во светски рамки по извоз на мобилни телефони. Од земјава лани се извезени мобилни телефони во вредност од 856.000 долари или 32,7% помалку во споредба со 2018-та година.

На глобално ниво, извозот на мобилни телефони лани беше на ниво од 267,4 милијарди долари, 46,9% отпаѓаат на Кина, којашто заработи 125,4 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на мобилни телефони во светот лани беа и: Виетнам (35,5 милијарди долари), Хонгконг (30,7 милијарди долари), Холандија (14,6 милијарди долари) и САД (10,1 милијарда долари), покажуваат податоците на World’s top exports.

Од земјите во регионот, најголем извоз на мобилни телефони лани имаше Бугарија со 171,8 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (165,6 милиони долари), Грција (81,2 милиони долари), Хрватска (49,7 милиони долари) и Србија (31 милион долари).

Фото: Freepik