Извезуваме ли накит?

57

Македонија има скромен удел во извозот на накит во светски рамки со само 4.000 долари во текот на минатата година. На глобално ниво, извозот на накит во 2019 година достигна вредност од 108,2 милијарди долари или 2,3% помалку во однос на една година претходно.

Според податоците на World’s top exports, најголем извозник на накит во светот лани беше Индија со удел од 12,4% и заработка од 13,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на накит минатата година беа и: Кина (13,3 милијарди долари), Швајцарија (11,7 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (10 милијарди долари) и САД (9,2 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на накит е Грција со 50 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (22,9 милиони долари), Словенија (6,5 милиони долари), Црна Гора (4,3 милиони долари), Хрватска (3,6 милиони долари), Србија (2,6 милиони долари) и Албанија (2,2 милиони долари).

Фото: Freepik