Извлечени добитниците на наградната игра на Комерцијална банка

15

uefa

На 28.07.2017 година, во просториите на Комерцијална банка АД Скопје, во присуство на нотар и два претставника на Комерцијална банка АД Скопје, беа извлечени среќните добитници на наградната игра Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот.

Конечниот список на добитници на наградите може да се види на следниот линк.

“Доделивме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар Скопје Сити Мол во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари”, стои во соопштението на Комерцијална банка.

Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Одделение за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје.

Добитниците на билетите за УЕФА Супер купот истите треба да ги подигнат осум дена пред почетокот на натпреварот, односно сѐ до денот на одигрување на натпреварот (08.08.2017 година) до 16:00 часот. Добитникот на оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот истата ќе може да ја подигне ден по одигрување на натпеварот (09.08.2017 година), а сѐ до крајниот рок од 60 дена.

Наградната игра траеше од 12.07.2017 до 26.07.2017 година, а учество се обезбедуваше со секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка за физички лица од најмалку 600,00 денари.