Извозот на Белгија лани се “лизна“ за 5,7%

44

Белгија минатата година извезе производи во вредност од 419,9 милијарди долари, што претставува пад од 5,7% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 74,9% од извозот беше насочен кон: Германија (17,4%), Франција (13,7%), Холандија (11,5%), Велика Британија (7,7%), САД (7%), Италија (5,1%), Шпанија (3%), Полска (2,4%), Кина (2,3%), Шведска (1,8%)…

Белгија има популација од 11,6 милиони жители, па по глава жител извозот лани беше 36.200 долари.

Фармацевтските производи лани имаа најголем удел во извозот (14,6%) или 61,3 милијарди долари. Потоа следат: возила (50,2 милијарди долари), компјутери (29,6 милијарди долари), пластични предмети (27,5 милијарди долари), органски хемикалии (26,6 милијарди долари)…

Фото: Pexels