Извозот на Германија во минус од 12%

28

Извозот на Германија оваа година се намали за најмалку 12%, одразувајќи го падот на американската и британската побарувачка во ек на пандемија, проценува здружението за надворешна трговија.

Извозот на Германија во САД, најголем странски пазар надвор од ЕУ, се намали за 16%, а извозот во Велика Британија за 18,5%.

“Единствени светли точки се Кина и Азија, чија важност дополнително се зголеми во услови на пандемија“, смета Антон Борнер, претседател на здружението.

Кина оваа година најверојатно ги надмине Франција и САД и за првпат ќе застане на чело на водечките увозници на германски производи и услуги по вредност.

Германскиот извоз во 2021-ва година би можел да порасне и до 13%, иако прогнозите се несигурни поради непредвидливиот развој на пандемијата.

Фото: Freepik