Извозот на овој благороден метал им носи милијарди долари

77

Во текот на минатата година, во светски рамки, е реализиран извоз на сребро во вредност од 16,6 милијарди долари. Тоа, според податоците на World’s top exports, претставува намалување за 7,8% во однос на 2018 година.

Мексико се издвојува како најголем извозник на сребро лани со вредност од 1,8 милијарди долари. Меѓу земјите кои заработуваат над милијарда долари од извоз на сребро се и: Хонг Конг (1,6 милијарди долари), Кина (1,4 милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари), Јужна Кореја (1,28 милијарди долари), Јапонија (1,2 милијарди долари), Велика Британија (1,19 милијарди долари) и САД (една милијарда долари).

Од земјите од регионот, најмногу сребро лани извезла Бугарија – 16,9 милиони долари. Потоа следуваат: Србија (7,6 милиони долари), Словенија (2,3 милиони долари), Грција (827.000 долари) и Хрватска (386.000 долари).

Фото: Freepik