Извозот на парфеми ни донесе скоро два милиони долари

51

Македонија е 73-та земја во светот по извоз на парфеми, откако лани инкасираше 1.997.000 долари или 7,8% помалку во однос на 2018-та година.

На глобално ниво, извозот на парфеми лани беше на ниво од 19,6 милијарди долари, што е за 5,1% помалку во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Франција е извозник број еден на парфеми во светот со заработка од 5,4 милијарди долари или 27,5% удел во светскиот извоз. Меѓу најголемите извозници на парфеми лани беа и: Шпанија (2,3 милијарди долари), Германија (2,2 милијарди долари), САД (1,7 милијарди долари) и Италија (1,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Хрватска (28-ма) со 42,5 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (29,9 милиони долари), Грција (27 милиони долари), Словенија (15,3 милиони долари) и Србија (4,9 милиони долари).

Фото: Freepik