Извозот на руска нафта во Кина се зголеми

Од јануари до октомври Русија во Кина извезла 88,5 милиони тони нафта, што е за 23 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Како што јави ТАСС, испораките на руска нафта во Кина за 10 месеци ги надминаа испораките за целата 2022 година за 2,3 милиони тони.

Вредноста на извозот на руската нафта во Кина за 10 месеци изнесува 49,31 милијарди долари, што е за 0,5 отсто помалку во однос на истиот период во 2022 година, објави Генералната управа на царината на Кина.

Русија беше главен снабдувач на Кина на нафта од јануари до октомври.

На второ место се најде Саудиска Арабија, која испорача на Пекинг 73,37 милиони тони нафта за 45,55 милијарди долари, додека Ирак е трет со 48,85 милиони тони нафта за 29,23 милијарди долари.