Извозот на руски гас падна за 27 отсто во првите пет месеци од оваа година

23

Рускиот гигант Газпром соопшти дека неговиот извоз на гас во земјите надвор од поранешниот Советски Сојуз е намален за повеќе од една четвртина на годишно ниво во периодот од јануари до мај, откако загуби неколку европски клиенти.

Извозот во земјите надвор од регионот изнесува 61 милијарда кубни метри, што е за 27,6% помалку во однос на истиот период минатата година, се вели во соопштението на енергетската компанија.
Откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина на 24-ти февруари, Москва бара клиентите од „непријателските земји“, вклучително и земјите-членки на ЕУ, да го платат својот гас во рубљи.