Извозот на велосипеди лани достигна скоро девет милијарди долари

48

Извозот на велосипеди на глобално ниво минатата година беше 8,9 милијарди долари, што е намалување од 3,1% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кина е прва на листата со извезени велосипеди во висина од 2,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Тајван (1,4 милијарди долари), Холандија (801,8 милиони долари), Германија (658,3 милиони долари) и Камбоџа (483,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко (11-то место) котира Бугарија со извоз на велосипеди во вредност од 137,3 милиони долари. Потоа следуваат: Србија (10,2 милиони долари), Грција (8,1 милиони долари), Хрватска (5,3 милиони долари) и Словенија (4,7 милиони долари).

Според податоците, земјава скоро и да нема извоз на велосипеди на странски пазари.

Фото: Freepik