Извозот на вино лани им донесе над пет милијарди евра

56

Франција минатата година извезе вино во вредност од 5,7 милијарди евра или 16,13% помалку одошто во 2019 година, покажуваат податоците на Tridge.

Италија е на второ место извоз на вино во вредност од пет милијарди долари, што во 2020 година беше за 1,25% повеќе во споредба со една година претходно. Меѓу трите најголеми извозници на вино лани беше и Шпанија со 1,9 милијарди долари, односно 1,7% повеќе во однос на 2019 година.

Меѓу 10-те најголеми извозници на вино во светот лани беа и: САД (954 милиони долари), Нов Зеланд (930,6 милиони долари), Португалија (888,7 милиони долари), Чиле (1,11 милијарди долари), Австралија (1,5 милијарди долари), Германија (804 милиони долари) и Велика Британија (563 милиони долари).

Фото: Pexels