Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија

21

Индивидуалните сопственици, во текот на 2014 година, извршиле градежни работи во вредност од 9.904.920 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на 2014 година се градени вкупно 2.105 објекти и завршени се вкупно 3.584 станови со вкупна површина од 355.811 метри квадратни, од коишто 137 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11.136 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 99,3 метри квадратни.

По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, во Југозападниот итн.