Извршниот директор на Microsoft си ја зголеми платата за 66%

34

Сатја Надела, извршниот директор на Microsoft, доби зголемување на својата плата за 66% во последната фискална година на компанијата што заврши на 30-ти јуни.

Тој доби компензација од 42,9 милиони долари што е значително повеќе, споредено со компензацијата од 25,8 милиони долари што ја доби минатата година.

Основната плата на Надела изнесува повеќе од 2,3 милиони долари, а најголем дел од сумата доаѓа од акции, пишува CNN.

Тој беше назначен за извршен директор на Microsoft во 2014 година и под негово раководство компанијата стана главна сила во областа cloud computing.
Истата година Надела доби рекорден компензациски пакет, чијашто сума изнесуваше 84 милиони долари.
Фото: Facebook