Извршниот директор на Toshiba поднесе оставка

25

Претседателот и извршен директор на Toshiba, Нобуаки Куруматани поднесе оставка, се вели во соопштението на јапонскиот мултинационален конгломерат.

Компанијата со седиште во Токио истакна дека извршниот директор го предложил писмото за оставка на состанокот на одборот и дека оставката е ефективна од денеска.

Оставката на Нобуаки Куруматани доаѓа во време на контроверзии околу понудата од 20 милијарди долари пред една недела од CVC Capital Partners за купување на јапонскиот конгломерат.

Во тоа време Куруматани беше шеф на јапонското работење на инвестицискиот фонд Capital Partners, пред да ја преземе својата позиција како извршен директор на Toshiba во 2018 година.

Тоа покрена неколку прашања, и внатре и надвор од јапонската компанија, во врска со сегашниот извршен директор, кој исто така водеше дискусии во бордот за можна аквизиција на Toshiba.

Фото: Facebook