Ја најде формулата: 27 годишен милионер открива како да заработите големи пари

1197

Милионерот Танер Чидестер е човек за кого може да се каже дека смислил формула за правење на пари.

Овој 27 годишник сам содаде две компании, Fit Warrior и Elite CEO, а двете вредат повеќе од милион долари.

“Бавниот пат до богатството е штедењето. На крајот од денот, многу полесно е да заработите повеќе отколку да заштедите повеќе“, вели Чидестер.

Прв чекор

Прв чекор кон правење пари е да имате точна цифра во глава до којашто сакате да дојдете. Ако целта ви е да станете милионер за десет години, пресметајте колку точно пари треба да заработите во годината, месецот или неделата за да го постигнете.

Кога ќе ја поставите својата финансиска цел, морате веднаш да почнете со работа и почнете да заработувате.

Најдобар начин да заработите големи пари е да почнете со вештина која веќе ја поседувате и можете да заработите, советува тој.

“Можеби сте добри во тренирање или сте добри во дигитален маркетинг. Можеби сте најдобри во продавање на книги или готвење. Пронајдете една вештина во која сте добри и понудете ја како услуга и продавајте ја на луѓето“, вели Чидестер.

Планови за фитнес и исхрана на клиенти

Така и Чидестер почнал. Играл фудбал на колеџ и тренирал од мал па одлучил да креира персонализирани планови за фитнес и исхрана на клиенти. Тогаш имал само 22 години и само што го напуштил факултетот пред да го заврши.

Не заработил веднаш од своите програми. Во првите две години заработил само 2.000 долари и дополнително работел за да си ги плаќа сметките.

Дури кога почнал да посетува курс за тоа како да изгради интернет обука, почнал да забележува резултати.

“Тогаш дознав дека луѓето сакаат да плаќаат високи цени, повеќе од 1.500 долари за услуга. Дотогаш ги продавав своите фитнес програми за 40 долари“, вели Чидестер  кој тогаш имал 25 години.

Штом ја зголемил цената почнале да стигаат вистински пари. Неделно заработувал до 10.000 долари. Успеал да заработува помеѓу 30.000 и 50.000 долари месечно. До 27 години неговата нето вредност достигна милион долари.

Како што вели тој, најголем проблем е тоа што луѓето своите услуги ги продаваат за мали пари.

Фото:Facebook