Ја вративме традицијата на маалските продавници

67
slika vnatre
Даница Личанин Блажеска, генерален менаџер на маркетите Рептил

Нашата услуга е нешто со кое најмногу се гордееме и ветуваме дека нашите потрошувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука произлезе и нашиот слоган кој гласи: “Пазарете со срце и задоволство”.

БИ: Од кога функционира ланецот маркети Рептил? Зошто токму името Рептил?

Рептил маркетите постојат веќе 17 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање. Името го наследивме од претходниот корисник на маркетот на Рузвелтова. Објектите што ги користиме се на поранешните самопослуги Центро. Ги преземавме нивните вработени, го употребивме нивното искуство и со модернизирање на продавниците, името ни се поклопи со нешто што е изумрено – ние го оживеавме и ја вративме традицијата на маалската продавница.

Ова ни овозможува да се истакнеме како единствен ланец – маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој потрошувач. Нашата услуга е нешто со кое најмногу се гордееме и ветуваме дека нашите потрошувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука произлезе и нашиот слоган кој гласи: “Пазарете со срце и задоволство”.

Во потрага по целосното задоволство на нашите потрошувачи, наша втора компаниска одлика е големиот и квалитетен асортиман на производи чија густина по квадратен метар е над просекот карактеристичен за пазарот.

Picture 001Рептил маркетите како компанија низ годините успешно се адаптираше соодветно на трендовите во однесувањето и барањата на потрошувачите, врз основа на последните сигнали од пазарот каде потрошувачите бараат пониски цени и поголема вредност за нивните пари.

Првата продавница на Рептил беше добитник на втора награда од манифестацијата “Месец на трговијата” од страна на градот.

Освен продажбата во просториите на маркетите, компанијата веќе 10 години врши продажба и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании со портфолио над 100 клиенти. Кога станува збор за големопродажба, секогаш целиме да го обезбедиме она што им е потребно на нашите клиенти, без разлика дали станува збор за производи со највисок квалитет или со најниска цена. Нарачките ги обезбедуваме во рок од 24 часа и притоа гарантираме за нивниот квалитет.

Потребата за заштеда на време на работното место не доведе до отпочнување на нова услуга во нашето работење, а тоа е доставата на производи до компаниите по цени од полица, со гаранција за квалитетот и плаќање на фактура.

БИ: Колку маркети има во ланецот? Колку вработени имате?

Нашата компанија располага со шест маркети со средна големина и тие се распоредени во пет населби во главниот град: Центар, Црниче, Кисела Вода, Аеродром и Карпош. Во моментот имаме над 100 вработени.

Рептил Маркетите не ја забораваат топлината на маалските продавници. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето. За ова да биде возможно, вложуваме голем број на ресурси во обука на сите наши вработени при што добиваат поголеми знаења, вештини и способности. Грижата за вработените ја докажуваме и потврдуваме постојано, преку разни начини, доделуваме пофалници и парични награди за најдобрите вработени. Добрите меѓучовечки односи и грижата за секој вработен поединечно создаваат позитивна атмосфера во работењето.

Она што не разликува од конкуренцијата е што ние обрнуваме особено внимание на услугата. Сите вработени во Рептил гарантираат дека ќе бидат присутни за нашите купувачи и ќе се однесуваат љубезно, топло, пријателски и соседски. Нашата услуга е секогаш изведена доследно и професионално. Нашите купувачи доаѓаат од непосредната близина околу нашите маркети и тие можат да уживаат во нашата услуга со претходно наведените карактеристики секогаш и во секое време.

Picture 020

БИ: Колку претходното работно искуство е пресудно во изборот на вработени?

Секако дека работното искуство е многу важно за секој работодавач, но искуството за нас е знак дека вработениот ја знае тежината на работното место. Нашата политика при регрутирање персонал е да им дадеме шанса на сите работноспособни без разлика на годините и искуството, да станат дел од нашиот тим и да се развиваат заедно со Рептил. Нашите вработени се слободни да ги споделат нивните идеи, размислувања, искуства и практики со нас, затоа што, како што тие имаат многу да научат од нас, и ние имаме многу да научиме од нив. На помладите, понеискусните им се обрнува посебно внимание, со цел полесно и побрзо да се прилагодат и да ги стекнат знаењата и вештините кои им се потребни за да одговорат на барањата на нашите купувачи. Како што напоменав и претходно, од исклучителна важност за нас се вештините на нашите вработени да ги следат современите трендови, поради што постојано организираме различни обуки, работилници и други типови на неформално образование за нив, преку кои ги збогатуваат нивните вештини и знаења.

Picture 016

БИ: Планирате да започнете со сопствени трговски марки?

Во стратегијата за развој на кус рок за Рептил Маркетите не е предвидено воведување на сопствени трговски марки. Профитот од тој сегмент е повисок, но типот на нашите маркети и од нашите истражувања ни налага овој проект да биде остварен во иднина. Рептил Маркетите од основањето, па до денес бележат стабилен раст, благодарение на политиката и стратегијата за развој, која предвидува внимателно планирање на секој чекор и анализа на сите аспекти на секоја инвестиција, со цел да се минимизира ризикот. Овој концепт во минатото се покажа како ефикасна методика при преземање активности за развој, поради што ќе го применуваме и во иднина.

БИ: Како функционира клубот Рептил? Колку членови има?

Целта на проектот Клуб Рептил е да се награди лојалноста на купувачите преку обезбедување на попусти на производи за широка потрошувачка. Секој купувач може на каса да си побара клуб картичка која може веднаш да почне да ја користи. Купувачот попустот го добива веднаш и на фискалната сметка ја гледа заштедата. Имаме над 500 производи кои се на клуб и секој месец се менуваат. Производите се обележани на полиците и купувачот може да бира, не е условен кој производ да го купи, заштедата да ја искористи за купување на одредени артикли или со купони.

Судејќи по реакциите од купувачите, можеме да заклучиме дека проектот е успешен и купувачите се задоволни. Семејството на најлојални клуб купувачи брои над 8.000 членови, со тенденција за понатамошен раст.

Picture 1

БИ: На какви проблеми наидувате, што особено ве вади од кожа?

Секоја компанија наидува на проблеми својствени за браншата во која оперира, па така и ние. Но, не дозволуваме ништо “да не извади од кожа”, за секој проблем трпеливо се бара најсоодветно решение. Тоа досега се покажа како ефективен начин на решавање проблеми. За Рептил Маркетите не е карактеристично апсолутно централизирано донесување на одлуки. Напротив, донесувањето на одлуки е процес кој вклучува мислења и ставови на раководството, како и на вработените на пониските хиерархиски нивоа, што ги прави Рептил Маркетите компанија од отворен карактер. Ова им овозможува на вработените да учествуваат во управувањето на истата, со цел да се донесе апсолутно најдобрата одлука за сите: раководството, вработените и секако, купувачите.

БИ: Неодамна на македонскиот пазар влезе француски Carrefour. Има ли простор (и пазар) во Македонија за ланци како Lidl, Metro, Kaufland, Billa…?

logoПростор за ваков тип на маркети има, под услов да работат на принципот на кој работат во други земји, да нудат широк асортиман на квалитетни производи по атрактивни цени. Промоцијата на маркети од ваков тип кај нас би бил долготраен процес, затоа што првенствено треба да се смени општата свест на народот кога станува збор за набавка на производи за широка потрошувачка. Повеќето од купувачите кај нас пазарат по принципот “ден за ден”, најчесто во маркети кои им се во близина. Ретки се купувачите кои пазарат еднаш до два пати месечно и ги полнат залихите за подолг временски период.

Приказната за Рептил Маркетите е успешна токму поради тоа, затоа што најголемиот дел од продажбата ја остваруваме со потрошувачите кои живеат во непосредна близина до нашите маркети. За нив е важно да ги реализираат нивните потреби за секојдневно пазарење кои вклучуваат близина до нивниот дом, широк асортиман и прифатливи цени. Тие преферираат да пазарат кај нас наспроти нашата конкуренција, затоа што ние ја гарантираме најљубезната, најпријатната и најбрзата услуга во градот.

БИ: Дали Рептил е општествено одговорна компанија?

Секогаш се трудиме да бидеме општествено одговорни, колку што сме во  можност. Во изминатите години направивме неколку мали донации, главно врзани за најмладите, во кои беа вклучени новогодишни пакетчиња и ланч пакети за екскурзии за детски градинки, детски фестивали и установи за згрижување на деца со попреченост во развојот и инвалидитет. Покрај ова, дониравме и средства за опремување на живеалиштето на крокодилот во Зоолошката Градина во Скопје со парно греење. И понатаму ќе се стремиме да придонесуваме во развојот на свеста за општествена одговорност меѓу компаниите.

БИ: Бизнисот го водите заедно со сопругот. Колку е олеснителна околност да сте заедно и дома и на работа?

Благодет е менаџерскиот тим да има исти интереси и визија. Да се соживее (издржи) во лоши и добри услови, што е спротивно од вработените менаџери, кои над 60% ако фирмата западне во криза ја напуштаат, бидејќи не им е предизвик да се вложат без истиот надомест за нивниот труд.

Кога ќе се поделат јасно обврските и задолженијата и не се пренесува работата дома, да се научи како да се прави баланс и компромис, нема зошто да има проблем, туку само може да донесе успех и среќно семејство. Ако ова се примени и кај останатите вработени, следува уште поголем успех.

Picture 023

БИ: Што планирате во скора иднина?

Примарната цел на Рептил Маркетите е задоволување на потребите на купувачите. Ќе продолжиме и понатаму да вложување во едукација на нашиот персонал, со цел да можат најдобро да одговорат на сите барања на нашите купувачи, како во малопродажба, така и во дистибуција на производи до купувачите на големо, вклучувајќи јавни организации и приватни компании. Следната година планираме отворање на уште два маркета, а со тоа и отворање на дополнителни вработувања.

Општа цел на долг рок е “ланец на локални маркети во Македонија”.