Ја знаете мелодијата, не ја знаете песната? Запеј му на Google и дознајте го иметo на песната

87

Најавени се неколку ажурирања на Google Search апликацијата, а вештачката интелигенција и натаму ќе се користи за унапредување на корисничкото искуство.

Сега е доволно барем отприлика да знаете како оди мелодијата на некоја песна на која не можете да се сетите.

Кога ќе отворите Google Search можете да го отпеете делот на кој се сеќавате, и во опцијата Search A Song да погледнете што ќе ви каже Google.

Вашето пеење би требало да трае од 10 до 15 секунди, за алгоритмот да има доволно материјал да ја пронајде песната во базата на податоците.

Функцијата моментално е достапна на англиски јазик за iOS и на околу 20 јазици за Android, а во план е воведување и на други јазици.