Јака 80 од Радовиш прокнижи добивка од 3,6 милиони денари

89

jaka-80-radovis

Фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.684.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа загуба од 5.325.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година беа 63.431.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 44.511.000 денари, додека остатокот од 18.920.000 денари е остварен на пазари во странство.