Јака 80 Радовиш оствари загуба од 6,6 милиони денари

27

jaka 80

Фармацевтската компанијата Јака 80 АД од Радовиш во првите шест месеци од оваа година оствари загуба од 6.687.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Приходите од продажба на компанијата, во период од 01.01 до 30.06. се 44.639.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 21.430.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 23.209.000 денари.

Во истиот период минатата година, Јака 80 остварила вкупни приходи од продажба во висина од 34.110.000 денари, од кои 25.300.000 денари на домашен пазар, а остатокот од 8.810.000 денари на странски пазари.

Јака 80, во првото полугодие од минатата година, оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка по оданочување во висина од 103.000 денари.