На годинешната средба на министри за развој на сеопфатна мрежа која се одржува во Брисел, Белгија, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека Европската унија треба да одвои повеќе средства за развој на SEETO – сеопфатната мрежа.
“На тој начин, регионот на Југоисточна Европа ќе биде целосно интегриран во Европската Унија и ќе се овозможи слободен проток на луѓе и стоки и либерализирана и функционална пазарна економија“, рече Јанакиески.
Во своето обраќање на тема Предизвици и можности за финансирање, министерот ги презентираше проектите кои се реализираат во Република Македонија во насока на подобрување на транспортната инфраструктура.
“Во следниот плански период 2014-2020 имаме амбициозни цели – нашиот фокус ќе биде насочен на развивање на железничката мрежа во Република Македонија и подобрување на безбедноста во патниот и железнички сообраќај. Во оваа прилика, би сакал да испратам јасна порака до членовите на Европската комисија дека и во следниот плански период, треба да продолжиме на претходно поставениот курс што значи да продолжиме да инвестираме долж SEETO – сеопфатната мрежа”, истакна Јанакиески.
Според информацијата од кабинетот за транспорт и врски информираат денес е предвидена средба на министерот Јанакиески со заменик – претседателот на Европската Комисија, одговорен за транспортот, Сиим Калас со кого е планирано да се разговара за реализацијата на повеќе проекти кои се однесуваат на подобрување на транспортната инфраструктура.