Јапонија излезе од рецесија

20

Јапонската економија забележа раст од 21,4%, во период од јули до септември оваа година, во однос на истиот период лани, со што земјата излезе од рецесија.

Економијата на Јапонија има силен пораст бидејќи деловните активности продолжија и покрај пандемијата и едномесечната вонредна состојба. Во периодот од април до јули, активноста на земјата регистрираше рекорден пад од 28,8%.

Личната потрошувачка, во периодот јули – септември, се зголеми за 4,7% во однос на претходното тримесечје, кога имаше пад од 8,1%. Извозот од Јапонија достигна 7% зголемување, по 17,4% во минус во претходното тримесечје.

Фото: Freepik