Јапонија се спрема за 6G мрежа

Јапонската влада донесе одлука да ги започне подготовки за воведување на шеста генерација (6G) мобилна мрежа.

Намерата на Јапонија е оваа ултра брза мрежа во земјата да започне со работа во 2030 година.

За таа цел, формирана е експертска комисија составена од технички експерти, претставници на приватни компании и надлежни јавни институции, чија задача е да се развие сложена стратегија за премин кон новиот формат, пренесува SEEbiz.

Фото:Pexels