Јапонија воведува “дремка“ на работа за поголема продуктивност на вработените

21

Фото: Pixabay

Голем број компании во Јапонија губат 138 милијарди долари годишно поради таканаречената епидемија на ненаспани вработени, пишува Guardian.

Поради тоа што вработените не се добро наспани, се намалува нивната продуктивност, па затоа работодавачите и јапонското Министерство за здравство дадоа предлог вработените да можат да “дремнат“ барем половина час.

Јапонскиот технолошки старт – ап Nextbeat веднаш го прифати овој тренд и за своите вработени адаптираше две “стратешки соби за спиење“. Овие соби се опремени со уреди што ја блокираат вревата, кревети и софи на коишто вработените може да легнат, а мобилните телефони, како и таблети и лаптопи се најстрого забранети.

Иако оваа мерка е малку чудна, последните истражувања спроведени во 28 земји во светот покажуваат дека Јапонците спијат најкратко (шест часа и 35 минути), што е еден час помалку за разлиа од жителите на Финска, Канада, Белгија и Франција.