Јавна дебата за претприемништво и економски просперитет

17

Јавна дебата на тема Претприемништвото и економскиот просперитет ќе се одржи денеска на Правниот факултет Јустинијан Први во организација на Австрискиот економски центар од Виена и Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје, пишува Миа.

Дебата се реализира во рамки на 2015 Free Market Road Show® и претставува собир на истакнати лидери од бизнисот, научници и студенти, креатори на јавното мислење, експерти за политики, дипломати и други интересни групи кои дискутираат на актуелни општествени прашања.

На дебатата ќе се дискутира за две теми: Претприемништвото и економскиот растеж: Како претприемачите можат да го зголемат националното богатсво? и Успешни претприемачки приказни: Како да се поттикне креативноста?