Јавни опомени за 3 котирани друштва

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Интернешнел Хотелс АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето, усвоени од Собранието на акционери, со што друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација.

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје и Интернешнел Хотелс АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосните материјали за седница на собрание на акционери во рок од два дена од јавниот повик, со што друштвата не постапиле согласно член 39, точка 5 од Правилата за котација.