Јавни пепелници ги претвораат во полначи за електрични велосипеди

31

Од почетокот на октомври во Холандија на сите железнички станици и постројки е забрането пушење. Оваа здравствено ориентирана иницијатива кратко по претставувањето доби и еколошка нота, благодарение на идејата на нивниот заеднички превозник ProRa. Тие забележале дека забраната за пушење ќе ги направи неупотребливи голем број јавни пепелници и затоа одлучиле да го пренаменат во нешто што за патниците во иднина ќе биде покорисно.

Пепелниците сега добиле нова намена и стануваат електрични велосипеди, пренесува хрватски Bug.

Минатиот месец холандската компанија Lightwell изработи прототип од овој полнач, којшто настана со преработка на столб за пепелник, којшто го задржал обликот, но сега наместо место за отпушоци, ќе има полначи за електрични велосипеди.

Ова е пример за тоа како нешто што повеќе не е употребливо да се пренамени за подобра цел.

Фото: Freepik