Јавниот долг на Србија за еден месец порасна 2,2 милијарди евра

34
Macro shot of financial concept

Српското Министерство за финансии објави дека јавниот долг на земјата на крајот на мај достигна 26,79 милијарди евра, што е 57,2% од бруто домашниот производ (БДП), пренесува РТС.

На крајот на април оваа година, јавниот долг изнесува 24,55 милијарди евра и имал удел во БДП од 52,4%, што значи дека во мај номинално пораснал за околу 2,2 милијарди евра, а неговиот удел во бруто домашниот производ е зголемен за 4,8%.

На крајот на јануари оваа година, јавниот долг на Србија бил 24,20 милијарди евра, а на крајот на декември лани, 2,94 милијарди евра, што е 52% од БДП.

Фото: Freepik