Јавните долгови во земјите на ЕУ значително се зголемија

32

Полска го зголеми својот јавен долг во првата половина од годинава за 36,2 милијарди евра, Чешка за 16,2 милијарди, Романија за 11,1 милијарди, Словачка за 9,6 милијарди и Хрватска за 4,2 милијарди евра, пишува хрватскиот весник Слободна Далмација.

Се додава дека растот на јавниот долг од 4,2 милијарди евра во првата половина од годинава на вкупни 43,5 милијарди евра, во незгодна комбинација со пад на економијата за 15 % во вториот квартал, не ја постави погоре Хрватска за ниту едно место во Европската Унија (ЕУ).

Со учество на јавниот долг во БДП, кој годинава се зголеми за цели 12,1 процентен поен, од 73,2 на 85,3 %, Хрватска, како и минатата година, го држи високото осмо место во ЕУ, пишува весникот.

Грците први

Пред Хрватска, според учеството на јавниот долг во бруто домашниот производ, има седум држави. Лидер е Грција, чиј јавен долг изнесува 187% од БДП, пред Италија со 149 % и Португалија со 126%, а по водечкото трио следуваат Белгија, Франција, Кипар и Шпанија.

Фото: Pixabay