Jeep објави цртежи од два нови концепти на Wrangler

11

Во пресрет на годинешното издание на Easter Jeep Safari настанот, компанијата Jeep објави два тизер цртежи од два различни модели на Wrangler.

Минатогодишното издание на Easter Jeep Safari беше откажано поради пандемијата на коронавирусот, но оваа година истиот ќе се одржи, а во пресрет на овој настан, Jeep објави тизери за два концепти кои наскоро ќе бидат претставени. Иако од компанијата засега остануваат таинствени, тие потврдија дека можеме да очекуваме на асортиман на возила “создадени конкретно за да ги освојат исконските патеки и терени на Моаб, Јута“. Од Jeep истакнаа дека овие “карактеристични и моќни“ концепти, најверојатно базирани на Wrangler, ќе бидат претставени наскоро и ќе бидат прикажани на овој настан, кој започнува на 27 март.

Ова и не се баш премногу информации, но од компанијата објавија две тизер фотографии на кои се прикажани модифицирани Wrangler модели. Едниот од нив е наречен Magneto, име кое Jeep неодамна го заштити и може да станува збор за концепт на електрично возило кое беше најавено минатиот месец или пак можеби е концепт базиран на Wrangler 4xe plug-in хибридниот модел. Не е исклучено ниту Jeep да подготвил некаков вид на Gladiator концепт наречен Magneto, додека вистинскиот електричен Wrangler да биде нешто сосема друго.

Без оглед на сè, Magneto се одликува со препознатливата предна решетка и специјални обележја. Исто така можат да се очекуваат и дополнителни модификации, но цртежот не открива премногу. Покрај ова, Wrangler концептот на Jeep Performance Parts ќе биде опремен со асортиман на оф-роуд додатоци. Забележливи се дополнителната заштита поставена пред предната решетка, како и малите рефлектори поставени на крилата и специјалните оф-роуд гуми.

Може да се очекуваат и неколку други концепти на настанот, но засега од Jeep нема никакви дополнителни информации, а настанот ќе трае до четврти април.

Преземено од Avtoplus.mk