ЈП Водовод и канализација: Се намалува цената на водата за пиење и трошокот за отпадни води

65

voda-cesma-pexels

Фото: Pexels

Почнувајќи од 01.01.2018 година тарифата на водните услуги се формира на предлог на Регулаторна комисија на Република Макеоднија. Од трите доставени предлози за корекција на цената на водните услуги (најниска, средна и највисока) од страна на Регулаторна комисија, јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација – Скопје до Управниот одбор на претпријатието предложи да се прифати предлогот за корекција водните услуги од најниско ниво, со којшто цената што се однесува на водата за пиење и трошокот за отпадните води од досегашните 29,39 денари за метар кубен се намалува на 28,67 денари за метар кубен, стои во соопштението.

Исто така, ЈП Водовод и канализација – Скопје го презема во своја надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на реките Лепенец и Треска, чие одржување на годишно ниво чини околу 100.000.000 денари. За оваа ставка ЈП Водовод и канализација – Скопје до Управниот одбор на претпријатието, исто така, предложи да го прифати најнискиот предлог од Регулаторна комисија што изнесува 2,04 денари за метар кубен.

На седницата одржана на 10.01.2018, Управниот одбор ги прифати предлозите за корекција на водните услуги од страна ЈП Водовод и канализација – Скопје и овие предлози ќе бидат доставени до Советот на Град Скопје за понатамошно разгледување и одлучување.