JPMorgan ги надмина очекувањата на експертите

5

JPMorgan оствари одлични резултати во вториот квартал од оваа година. Резултатите ги надминаа очекувањата  на аналитичарите, а банкарскиот гигант ослободи поголема количина на готовина што ја чуваше “на страна“ поради потенцијално лоши кредити.

Приходите од тргувањето се намали за 30% во споредба со истиот период лани, што е очекуван исход по активностите на Федералните резерви за зајакнување на пазарот во текот на пандемијата.

JPMorgan Chase информираше за добивката и приходите во вториот квартал коитшо ги надминаа очекувањата на аналитичарите бидејќи банкарскиот гигант ги ослободи парите одвоени за покривање на загубите по кредити.

Профитот изнесува 3,78 долари по акција наспроти 3,21 долар по акција колку што предвидуваа аналитичарите. Приходите изнесуваа 31,4 милијарди долари наспроти проценките од 29,9 милијарди долари.

Фото: Facebook