JPMorgan ќе им овозможи на клиентите да инвестираат во биткоин

52

Една од најголемите инвестициски банки, JPMorgan, подготвува фонд за инвестирање во биткоин. Фондот за биткоин на JPMorgan може да биде лансиран веќе ова лето, изјавија за CoinDesk два извори запознаени со ова прашање.

Фондот за биткоин на JPMorgan ќе биде активно управуван, изјавија неколку извори за CoinDesk. 

Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Димон, го нарече биткоинот опасна измама во 2017 година. Подоцна зборуваше поинаку, но гласно се залагаше за регулирање на биткоинот, а тоа е истовремено токму она што љубителите на криптовалутата не сакаат да го слушнат.

“Ако сте доволно глупави да го купите, ќе ја платите цената еден ден“, рече тој во тоа време. И покрај личниот презир на извршниот директор кон крипто светот, замениците во неговиот оддел за корпоративно и инвестициско банкарство признаа во февруари дека побарувачката на клиентите може да ја принуди институцијата да го смени својот став. 

Фото: Pexels