ЈСП со новогодишен возен ред

51

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по повод новогодишните празници има нов возен ред.
Од утре, од градските линии, автобусот со број 3 се вклучува по празничен возен ред во 9.45, а автобусот со број 4 во 11.40 минути. Со работа, автобусот со број 8 започнува во 11 часот, а автобусот кој сообраќа на релацијата Милениумски крст-Траснпортен центар, започнува со работа во 9.40 минути.
Од приградските автобуски линии, промени ќе има кај автобусот со број 58 кој од Транспортниот центар ќе тргне во 7.10 минути, потоа во 9, па во 10 часот, а во 8 и 10 часот од селото Света Петка. Автобусот со број 11 ќе почне да сообраќа од Транспортниот центар во 12 часот и 10 минути, а од истата локација автобусот со број 18 ќе започне со сообраќање во 13 часот и 25 минути.
Вклучувањата на линиите, скопјани можат да ги проверат и на веб страната на ЈСП Скопје на www.jsp.com.mk