Јубилеј за Nissan: Произведени 1,5 милиони автомобили со системот e-Power

64

Јапонскиот Nissan достигна 1,5 милиони автомобили произведени со електрифицираниот погонски систем e-Power.

Јапонскиот производител на крајот на октомври стигна до оваа годишнина, што е едно од низата преодни решенија кон целосна електрификација.

Филозофијата зад оваа технологија, која дебитираше на серискиот модел во 2016 година, лежи во мал бензински турбо мотор кој работи исклучиво како генератор на енергија за електричниот мотор, кој се напојува со литиум-јонска батерија.

Овој тип на бензински мотор може да генерира електрична енергија директно во батеријата, може да ги придвижува електричниот мотор и погонските тркала преку инвертер и може да ги направи и двете доколку е потребно.

Првиот модел на Nissan придвижуван од овој хибриден систем беше Note, кој беше претставен во 2016 година и беше достапен исклучиво на јапонскиот пазар.

Технологијата e-Power се појави во Европа во 2022 година, со лансирање на хибридни верзии за новите генерации на моделите X-Trail и Qashqai. До јануари 2024 година, на Стариот континент се продадени повеќе од 100.000 Nissan со оваа хибридна технологија.

Се очекува оваа технологија да дебитира на американскиот и канадскиот пазар до 2026 година, а од 1,5 милиони автомобили на Nissan опремени со технологијата e-Power, повеќето од нив се произведени во Јапонија.

Во Европа, Nissan произведе 140.000 единици со оваа хибридна технологија, а во Кина се произведени 60.000 автомобили. Останатите 150.000 автомобили се произведени надвор од споменатите земји и региони. Во моментов, моделите на Nissan со технологијата e-Power се продаваат во најмалку 68 земји во светот.