Југоисточниот регион со најголемо учество во креирање на бруто додадена вредност во земјоделството

16

Југоисточниот регион има најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството во Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Југоисточниот регион учествува со 30,5%, потоа следи Пелагонискиот со 20,5%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 3,4%.

Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 35,8%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20,6%.