Јужна Кореја ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси 3 години

26

Јужна Кореја стана првата водечка азиска економија што ги зголеми каматните стапки во четвртокот. Според „Блумберг“, зголемувањето се очекува да продолжи откако институцијата јасно стави до знаење дека финансиските ризици се поголема закана за економијата отколку новиот пик на коронавирусот.

Гувернерот Ли Жу Јеол рече дека зголемувањето (прво по скоро три години) од четвртина на 0,75% се уште ги остава каматните стапки во позиција да ја поддржат економијата. Тој, исто така, додаде дека сегашниот бран на пандемијата предизвикана од делта-варијантата има помал ефект врз растот, бидејќи потрошувачите веќе се прилагодија на новата реалност на пандемијата.

Приспособувањето на политиките во наредните месеци ќе биде постепено, а следната одлука ќе го земе во предвид развојот на епидемиолошката состојба, финансиските нерамнотежи и потезите на другите централни банки, вклучително и Федералните резерви, рече тој.

Одлуката покажува дека фокусот на монетарната политика во Кореја се префрли од стимулирање на економијата на ограничување на создадениот должнички балон. Коментарот на Ли ќе обезбеди „храна за размислување“ за инвеститорите и аналитичарите пред говорот на Џером Пауел на петочниот симпозиум во Џексон Хол.

Во согласност со очекувањата на гувернерот дека економијата ќе остане стабилна во новиот бран на коронавирус, централната банка ја одржа својата прогноза за раст за годинава на 4%. Се очекува потрошувачката да се зголеми, а извозот и инвестициите да останат на исто добро ниво. Сепак, институцијата ја зголеми прогнозата за инфлација, која веќе е над целта од 2,1%, нагласувајќи го забрзаниот раст на заемите за домаќинствата.

„Според наше мислење, корејската централна банка ќе треба да продолжи претпазливо, со оглед на постојаните ризици од вирусот и потребата да се минимизираат ефектите од повисоките трошоци за позајмување за задолжените домаќинства. Очекуваме да ги задржи каматните стапки до крајот на годината“, рече Џtастин Хименез, економист на „Bloomberg Asia“.