Каде е најчиста водата за капење во ЕУ?

429

Квалитетот на водата за капење во Европа и понатаму е висок, а во овие пет земји: Кипар, Австрија, Малта, Грција и Хрватска, најмалку 95% од водата за капење е со одличен квалитет. Ова се резултати од истражувањето на Европската агенција за животна средина, објавени на осми овој месец, пренесува Euractiv.

Агенцијата ја тестирала водата за капење на околу 22.300 морски, речни и езерски плажи во земји 27 земји од Европската унија, Велика Британија, Швајцарија и Албанија и дури 84,6% имале одличен квалитет на водат.

По скоро три месеци блокада поради коронавирусот, европските граѓани се надеваат дека максимално ќе ги искористат своите плажи, езера и реки, додека ЕУ се подготвува за укинување на граничните контроли на своја територија до крајот на јуни.

“Чистата вода за капење обично се зема како нешто што е дадено, тоа е едно од европските колективни достигнувања. Тоа е резултат на напорна работа на луѓето во текот на многу години. Овогодишниот извештај уште еднаш потврдува дека европските граѓани и понатаму може да уживаат во високите стандарди за квалитет во европските води и мора да се преземат сите мерки да се продолжи по тој пат“, смета Вирџиниус Сикевичиус, комесар на ЕУ за животна средина.

Од сите земји во коишто е тестиран квалитетот на водата за пиење, Полска беше единствена земја со помалку од 50% од водата за капење што е оценета како одлична.

Квалитетот на вода генерално е подобар на приморските локации одошто во внатрешноста, при што 87,4% од крајбрежните капалишта се квалификувани како одлични, во споредба со 79,1% од капалиштата во внатрешноста.

Фото: Freepik