Каде и што најмногу се градеше во земјава?

61

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9.303.880.000 денари.

Во текот на минатата година се градени вкупно 1.730 објекти и завршени се вкупно 2.153 станови со вкупна површина од 236.972 метри квадратни, од кои 64 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 5.500 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 110,1 метри квадратни.

По региони, најмногу се градеше во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, Југозападниот итн.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753.000 денари. Од нив, 12.303.726.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2019 година се градени вкупно 2.412 објекти, а завршени се вкупно 3.916 станови со вкупна површина од 258.328 метри квадратни, од кои сите се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 66 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Источниот, Југозападниот итн.

Фото: Freepik